понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 89
home Регион

Албанија: Демонстрантите го запалија наплатниот пункт, Рама најави патарина и на други патишта

Албанија: Демонстрантите го запалија наплатниот пункт, Рама најави патарина и на други патишта

Стотици демонстранти се судрија со албанската полиција во близина на патарините на автопатот „Патот на нацијата“ во Калимаш и ги уништија целосно кабините за наплата, удирајќи ги со тврди предмети и палејќи ги.

Демонстрантите се собраа на протест против воведување патарината, која тие ја сметаат за многу висока. Тие побараа да се тргне рампата од „Патот на Нацијата“, кој го нарекоа и патот на крадците.

Протестот цели два часа го блокираше нормалното движење на возилата, создавајќи редица долга 10 километри, од царината до патарината. Премиерот Еди Рама реагираше во однос на протестот истакнувајќи дека варварското насилство врз заедничкиот имот и насилната реакција врз силите на редот во Кукс, ќе го добијат заслужениот одговор со сета сила на законот.

Владата на Албанија вчера донесе одлука за воведување патарина од пет евра на „Патот на нацијата“. На оваа патарина се противеа граѓаните од северот на Албанија и Косово, кои рекоа дека патарината е многу висока. Опозицијата на Албанија ја критикуваше Владата, велејќи дека „Патарината Рама на Патот на Нацијата е двоен грабеж на Албанците и дополнителна бариера меѓу Албанија и Косово“.

Од друга страна, премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека: „Патот на нацијата е стратешки правец кој сериозно беше загрозен на средорочен рок, доколку не би се интервенирало со поставување на патарина за корисниците“.