сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 86
home Регион

Албанија бележи раст на директните странски инвестиции

Албанија бележи раст на директните странски инвестиции

Директните странски инвестиции во Албанија, во деветте месеци од годинава, бележат раст од 12 отсто, споредено со истиот период лани.

Според Централна банка на Албанија, во перодот јануари-септември, странските инвестици изнесуваат 758 милиони евра или 80 милиони евра повеќе, во споредба со лани истиот период.

Но, во третото тромесечие годинава забележано е намалување на инвестициите за девет отсто, во однос со третото тромесечие во 2017 година.

Тоа се поврзува со изградбата на Трансјадранскиот гасовод (ТАП), кој е во финална фаза на изградба. Приливот на инвестиции од изградбата на гасоводот е помал за дури 50 отсто во споредба со периодот јули-септември минатата година.

Гледано во целина во третото тромесечие директните странски инвестиции се намалиле од 293 милиони евра лани, на 266 милиони евра годинава.

Намалувањето на инвестициите од ТАП и енергеткиот сектор главно се компензира од растот на инвестициите во индустријата, посебно од проширувањето на активностите на „Банкес Петролеум“.

Во последните години најголемиот дел од странските инвестиции или над 60 проценти, биле фокусирани во енергетскиот сектор.

Највисок износ на директни странски инвестиции во албанската економија е забележан во 2016 година, 942 милиони евра.

МИА

Коронавирус