сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 63
home Регион

Албанците за 28 ноември подготвуваат хаос на мостот во Митровица, тврди „Новости“

Албанците за 28 ноември подготвуваат хаос на мостот во Митровица, тврди „Новости“

На Денот на албанското знаме, 28 ноември Приштина ќе организира отворање на мостот во Косовска Митровица, што го поврзува северниот и јужниот дел од градот, а планирано е и примопредавање на должноста командант на КФОР како своевидна промоција на армијата на Косово, објавија Новости.

Повикувајќи се на неофицијални извори, весникот нагласува дека на тој настан треба да присуствува и адмиралот Џејмс Фого, командант на здружените сили на НАТО во Неапол.

Пред тоа, ќе биде последниот формален чекор за остварување на планот: одржување седница на Парламентот на која ќе бидат усвоени конечни верзии за косовските безбедносни сили. Со тие документи бројот на припадници се дуплира – наместо 2.500 планирани се 5.000 плус 3.000 во резерва.

Извор од безбедносните сили на Србија за весникот вели дека Приштина бара таков повод за ескалација на насилствата во кои Србите би се нашле како цел. Поради тоа и Денот на албанското знаме во Митровица се третира како потенцијално многу опасно жариште бидејќи цел на Албанците е да предизвикаат „судир со ограничен карактер“, заклучува весникот.

Коронавирус