петок, 30. септември 2022. Вести денес: 141
home Регион

Актерот Милан Васиќ повреден во сообраќајка: Се судрија 6 возила поради лизгав пат

Актерот Милан Васиќ повреден во сообраќајка: Се судрија 6 возила поради лизгав пат

Актерот Милан Васиќ и уште три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Белград-Шид, во близина на хотелот „Ин“ во Нов Белград.

Во оваа сообраќајна несреќа учествувале 6 автомобили.

-Повредени се 4 лица, меѓу кои и Васиќ и веднаш се пренесени во болница. Сите се здобиле со повреди од неутврден вид, најверојатно лесни, пишуваат српските медиуми.

До несреќата дошло вчера околу 19 часот, а итните екипи се сѐ уште на терен.

На несреќата влијаел лизгавиот коловоз и непридржување кон правилата на возачите.

Коронавирус