сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Свет

Раководителот на француските служби за јавно здравје: Вирусот е сè уште тука и е смртоносен!

Раководителот на француските служби за јавно здравје: Вирусот е сè уште тука и е смртоносен!

„Вирусот е сè уште тука и е смртоносен. Ако поканите гости во вашиот дом, носите маски, подоцна проветрете ја куќата и дезинфицирајте ги контактните површини, како што се рачките“, рече водачот на француските служби за јавно здравје Жером Саломон.

Обраќајќи се пред јавноста за прв пат од укинувањето на карантинот на 11 мај, Жером Саломон ги предупреди Французите да ја почитуваат социјалната дистанца кога се дружат со пријателите и семејството.

На деветтиот ден по укинувањето на карантинот, што траеше 55 дена, бројот на дневно заразени со коронавирус во Франција значително не се зголеми.

Во вторникот коронавирусот е потврден кај 524 лица, а вкупно кај 143.427, односно е забележано зголемување од 0,4 проценти, што е нешто повеќе од просечните 0,3 проценти на ден од укинувањето на карантинот.

Сепак, тоа е значително помалку од 0,8 проценти, колку што изнесувал дневниот пораст во последните две недели на карантин.

Во првите две недели на карантин, што е воведен на 17 март, бројот на заразени лица се зголеми за 15 до 20 проценти дневно, а најголем број новозаразени се регистрирани на 31 март – 7.578.

Италија, која го укина карантинот една недела пред Франција, сè уште нема забележано значително зголемување на заразените, па дури и во втората недела од олеснувањето на мерките, бројот на заразени лица се зголеми за 0,4 проценти на ден, а во првата недела од олеснувањето на мерките за 0,6 проценти.

Во Шпанија, исто така е намалена стапката на ширење на заразата од укинувањето на карантинот пред две недели.

Само 0,1 процент изнесувал дневниот пораст на бројот на заразени во Шпанија во вторникот.

Притисокот на пандемијата врз францускиот здравствен систем исто така се намалува и бројот на хоспитализирани лица е намален за 547 на 18.468, додека на интензивна нега има 1.894 пациенти, 104 помалку од претходниот ден.

Парламентарни избори 2020