вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Сејдини и Поповски одржаа состанок со челниците на Турскиот фудбалски сојуз (ФОТО)

Сејдини и Поповски одржаа состанок со челниците на Турскиот фудбалски сојуз (ФОТО)

Првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски имаа состанок со претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир и потпретседателот, Сервет Јардинџи.

Двете федерации соработуваат веќе подолго време, а на средбата ФФМ ја презентираше својата работа се дискутираше можна соработка и во иднина.

Сејдини имаше само пофални зборови за Турската федерација, изразувајќи благодарност за добрите односи со ФФМ.

„Турската фудбалска Федерација е една од најголемите во Европа. За разлика од нив, ние сме мала федерација, но сме земја која се стреми кон големи работи и делиме подеднаква страст за фудбалот. Благодарност до нашите колеги од Турција за поддршката која ни ја даваат, во сите нивни одлуки се чувствува љубовта кон фудбалот и почитта кон сите нации, независно од нивната големина или финансиски удел. За нас е исклучително значајно да имаме партнер во Турската фудбалска Федерација и верувам дека нашата идна соработка ќе биде на многу повисоко ниво со конкретни проекти. Им се заблагодарувам на гостодинот Оздерим и господинот Јардинџи за нивната посета и се радувам на продолжувањето и негувањето на нашите добри односи“, изјави Сејдини.

Претседателот на Турската фудбалска Федерација, Нихат Оздемир и неговиот заменик и член на Извршниот комитет на УЕФА, Сервет Јардинџи посакаа успешна и плодна работа на претстојното Редовно изборно собрание на ФФМ и секако, успех за македонската репрезентација на Европското првенство.

 

ЕУРО 2020

Македонија