сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 64
home Ракомет

ЖРК Металург и ЖРК Чаир пред елиминација од Европскиот Куп на ЕХФ

ЖРК Металург и ЖРК Чаир пред елиминација од Европскиот Куп на ЕХФ
28.10.2017, BSZF Suedstadt, Maria Enzersdorf, AUT, Handball Testspiel, Österreich vs Serbien, im Bild ein Handball // during a men' s international friendly handball match between Austria and Serbia at the BSZF Suedstadt, Maria Enzersdorf, Austria on 2017/10/28, EXPA Pictures © 2017, PhotoCredit: EXPA/ Sebastian Pucher

Македонските претставници ЖРК Металург и ЖРК Чаир ги одиграа натпреварите во Европскиот Куп на ЕХФ, но не минаа славно во првите натпревари, па реваншите ќе бидат само формалност.

ЖРК Чаир се соочи со Х71 од Фарски Острови и првата средба ја загуби со убедливи 26-43. Македонскиот претставник имаше поднослив резултат во првиот дел (16-22), меѓутоа потоа сето тоа се распадна.

Палсдотир со десет гола беше прв стрелец на мечот, пред Митун со девет, додека кај чаирчанки Божиновска даде шест, пред Дукоска со пет реализации.

ЖРК Металург загуби високо во натпреварот со Дуделанж од Луксембург (27-18). Слично како и Чаир, тимот од Автокоманда одигра прв дел со мал број на голови и губеше само со два гола (12-10).

Ива Божиновска стрелаше шест пати кај Металург, пред Калајџиевска со четири гола, а кај домашниот тим Вирц и Коларели-Карара врзаа по седум гола.

И двата тима реваншите ќе ги играат утре, на гостински терен.

Коронавирус