четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 96
home Ракомет

ЖРК Куманово по Купот ја освои титулата и во домашното првенство

ЖРК Куманово по Купот ја освои титулата и во домашното првенство

Ракометарките на ЖРК Куманово денеска запишаа убедлив триумф против најголемиот ривал Вардар со 33-22 и така ја обезбедија титулата и во домашното првенство, која доаѓа по трофејот во Купот на Македонија.

„Црвено-црните“ издржаа 30 минути, во кои имаа негатива од два гола (14-16), но во вториот дел Куманово ја презема контролата врз мечот и резултатот постојано растеше во нивна корист до конечни 33-22.

Најдобра кај Куманово беше Јована Кипријановска со шест голови, додека Ивона Трпеска постигна седум погодоци за Вардар.

Коронавирус