недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 76
home Ракомет

Зорица Блажевска нов претседател на РК Металург

Зорица Блажевска нов претседател на РК Металург

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург од денеска има нов претседател. Станува збор за досегашниот Генерален секретар Зорица Молкоска Блажевска, која на функцијата доаѓа на местото на Зоран Цветановски.

– Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и со медиумите, беа доволна препорака за  изборот на Блажевска на оваа функција и таа веројатно е првата жена-претседател во клубовите што настапуваат во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите, соопштено е на клупскиот сајт на тимот од Автокоманда.

Блажевска во моментот е в.д. претседател, чие официјално назначување ќе се  случи на следното собрание на Металург.

Коронавирус