понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 144
home Ракомет

Златните ракометарки на прием кај претседателот Стево Пендаровски

Златните ракометарки на прием кај претседателот Стево Пендаровски

Македонските ракометни кадетски репрезентативки, кои го освоија ЕХФ-шампионатот во Литванија, попладнево ги прими и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски за да им одаде признание за успехот што го направија во Клаипеда.

Пендаровски на приемот посочи дека ракометарките се наша нова гордост и им посака уште поголеми успеси, а од ракометарките доби топка со потписи на златните кадетки.

„Младите ракометарки се нашата нова гордост. По освоениот златен медал во Литванија, радоста е голема. Им посакувам уште поголеми успеси на коишто ќе се радуваме заеднички“, посочи Пендаровски.

Коронавирус