среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 135
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Ракомет

Живко Мукаетов уште четири години на чело на РФМ

Живко Мукаетов уште четири години на чело на РФМ

Живко Мукаетов и следниве четири години ќе биде на чело од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), откако доверба доби од сите делегати на Изборното собрание, кое се одржа денеска.

Зад Мукаетов има два успешни мандати во кои го издигна ракометот како спорт број еден во нашата земја. Тој најави продолжување на таквиот тренд и дополнително вложување за подобрување на условите и успесите на нашите клубови и репрезентација.

-Сакам да се заблагодарам за довербата, за соработката во овие осум години. Сакам сите заедно да работиме со нови идеи да го кренеме македонскиот ракомет на едно уште повисоко ниво. Свесни сме за она што е добро, свесни сме и каде треба уште повеќе да напредуваме, ајде сите заедно да работиме за уште посветла иднина на македонскиот ракомет, изјави Мукаетов.

 

ЕУРО 2020

Македонија