Иако беше најавено дека нема да настапи на двомечот од баражот за СП против Романија поради приватни причини, сепак Симона Стојковска ќе биде на располагање на националниот тим и селекторот Симе Симовски.
Стојковска која игра во одлична форма за германскиот Цвикау може да биде од голема помош.Ракометарките во утре 16:00 часот со чартер лет заминуваат за Букурешт, каде што в сабота ќе го играат првиот натпревар.
Реваншот ќе се игра во Скопје, на 21 април со почеток во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
loading...