понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 54
home Ракомет

Завршниот турнир во Келн сепак ќе се игра со публика на трибините

Завршниот турнир во Келн сепак ќе се игра со публика на трибините

Ограничен број на навивачи ќе имаат можност да уживаат на ракометните возбудувања во Келн, каде и оваа година ќе се одржи завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека 500 фанови ќе имаат можност да присуствуваат во „Ланксес Арена“. Причина за оваа одлука е подобрената ситуација со коронавирусот во Германија. Бројката би можела да се зголеми на 1.000 навивачи. Но, за тоа да се случи, во наредните неколку дена ќе мора да има намалување на позитивните случаи на ковид-19.

Пари Сен Жермен, Нант, Барселона и Алборг се овогодишните полуфиналисти. Тие ќе ги одмерат силите на 12/13 јуни и ќе се борат за престижната европска титула.

ЕУРО 2020

Македонија