сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Зарабец: Знаеме дека во Скопје е тешко, фановите се „луди“ за ракомет

Зарабец: Знаеме дека во Скопје е тешко, фановите се „луди“ за ракомет

„Несуденото“ засилување на Вардар кое беше огромна желба на Михајло Михајловски и поранешниот тренер Стевче Алушовски, Миха Зарабец со својот Кил утре ќе гостува во СЦ „Јане Сандански“ во дуел од Лигата на шампионите.

Одличниот организатор на играта го најави дуелот, а имаше пофални зборови за навивачите и атмосферата на натпреварите во Скопје. Веројатно Зарабец го памети гостувањето во 2019 година, кога пред полни трибини во неверојатна атмосфера Кил успеа да победи.

„Вардар е само два бода зад нас, тимот играше одлично досега. Знаеме колку е тешко да се победи во Скопје. Атмосферата таму е напната, фановите во арената се „луди“ за ракомет. Победивме на последното гостување таму, па Вардар ќе сака да се одмазди. Сепак, ние планираме да дојдеме до бодовите. Јас едвај го чекам натпреварот, бидејќи ќе се игра во специфична атмосфера“, изјави Зарабец.

Утрешната пресметка ќе биде нов сериозен тест за силите на Вардар. Откако дома го добија Алборг, врзаа два порази и против Кил ќе се брка изненадување.

Коронавирус