сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 108
home Ракомет

Започнува 29. Македонско ракометно првенство

Започнува 29. Македонско ракометно првенство

Новата сезона во Првата македонска ракометна лига, 29. по ред, започнува денеска со пет натпревари од комплетното прво коло.

Освојувачот на двојната круна во минатата сезона, Вардар 1961, одбрана на шампионската титула ја започнува на домашен терен против градскиот ривал Скопје 2020.

Воведното коло од новата сезона ќе донесе битолска пресметка меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, додека во преостанатите натпревари, Охрид е домаќин на Тиквеш, екипата на Радовиш ја пречекува Струга, додека Прилеп му гостува на Бутел.

Бројот на гледачи е лимитиран и за влез во ракометните сали е потребно да се покаже сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид во последните 45 денови, согласно одлуките на Владата.

Коронавирус