понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 203
home Ракомет

Жал ми е што вака заминувам- Лино Червар поднесе оставка!

Жал ми е што вака заминувам- Лино Червар поднесе оставка!

Аргентинската селекција приреди изненадување на Мундијалот во Египет, совладувајќи ја репрезентацијата на Хрватска со 23-19 (12-12), во рамките од второто коло во главната рунда.

„Гаучосите“ триумфото го најавија со маестралниот почеток на мечот кога поведоа со 5-0. „Коцкастите“, до крајот на првиот дел се вратија во игра 12-12 и поведоа на стартот од второто полувреме, но аргентинците беа расположени за игра.

Поразот од Аргентина е голем удар за амбициите на Хрватска. На онлајн средбата со медиумите, хрватскиот селектор Лино Червар изјави дека заминува од селекторската позиција, после завршување на Мундијалот.

Ако селекцијата му игра вака на одлучувачки натпревар, тој селектор не заслужува да ја води повеќе Хрватска. Жал ми е што вака заминувам. Ќе дадам поддршка за мојот наследник, но многу жалам што вака го одигравме одлучувачкиот натпревар. – изјави Червар.

Коронавирус