недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

Загрепска Арена спремна за македонска експлозија: Големо засилување пристигнува за „Фалангата“ во Загреб

Се е подготвено за вечерашниот одлучувачки меч со Црна Гора, нашите ракометари ќе имаат огромна поддршка од трибините. Нашите информации велат дека кон главниот хрватски град утринава се упатиле најмалку пет автобуси.
Загрепска Арена спремна за македонска експлозија: Големо засилување пристигнува за „Фалангата“ во Загреб

Македонската репрезентација дефинитивно ќе има уште поголема поддршка на трибините на вечерашната средба против Црна Гора. Ракометна треска владее во нашата земја, кон Загреб утринава се упатиле најмалку пет автобуси, пишува порталот Спортмедиа.

Се е подготвено за вечерашниот одлучувачки меч со Црна Гора, нашите ракометари ќе имаат огромна поддршка од трибините. Нашите информации велат дека кон главниот хрватски град утринава се упатиле најмалку пет автобуси.

Но, ова не е единствената поддршка која доаѓа од Македонија, дел од фановите ќе дојдат со автомобили, а да не заборавиме дека против Словенците имаше околу 3.000 навивачи. Победата на стартот на Европското првенство го продолжи престојот на дел од Македонците кои планираа во Загреб да останат само за време на викендот.

Оваа бројка ветува нова фешта во Арената, останатото е на ракометарите, да го дадат максимумот против Црна Гора и уште вечерва да го завериме местото во следната фаза.

Коронавирус