петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

За Хрватска има две сценарија како да стигне до полуфинале

За Хрватска има две сценарија како да стигне до полуфинале

Домаќинот на Европското ракометно првенство, Хрватска ја победи Норвешка за да ги задржи шансите за полуфинале на континенталниот собир, но сега во својот последен меч во групата во главната фаза ќе мора да го победи актуелниот светски првак Франција.

За „коцкестите“ има два начини како да стигнат до полуфиналето, но тоа што е сигурно е дека и двата начини, водат преку еден ист пат – да се прескокнат „триколорите“.

Во првиот случај, на Хрватска и треба само победа со Франција. Но, за таква победа макар и со гол разлика, но треба Норвешка да ја победи Шведска за такво нешто.

Вториот начин е победа над „триколорите“ во два случаи со два или три гола разлика. За да се пласираат во полуфинале, Хрватите може да победат и со два гола разлика, ако дадат најмалку 22 гола. Ако слават со помалку од 22 дадени гола, тогаш им треба – три разлика, анализира порталот Спорт 1.

Се на се, како и да вртат домаќините, пред нив е најневозможната мисија, да ја победат Франција, која низ годиниве им наби комплекс и практично им ги „украде“ сите сјајни одличја.

Коронавирус