недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Ракомет

Вуко Борозан-играч кој не знае да одбере шампион

Вуко Борозан-играч кој не знае да одбере шампион

Поранешниот бек на Вардар, Вуко Борозан, денес беше промовиран како нов играч на унгарски Веспре.

Ова беше најавувано неколку месеци, но сепак се чекаше од клубот да одлучи кога ќе биде неговата промоција.

Неофицијално дознаваме дека проблем за промоција беа лекарските прегледи, кои Црногорецот не успеал да ги помине во Барселона, а истото можело да се случи и со унгарскиот првак.

А Вуко во свјата прва изјава, вели дека ја одбил Барса, за да дојде во Веспрем, бидејќи како што вика Веспрем е најголем клуб. Не Вуко, Вардар е најголем, Вардар е Европски шампион!!!

Од причини познати само за Веспрем, клубот одлучи да го ангажира Борозан. Но од Веспрем по се изгледа не направиле добра математика, а тоа е дека Вуко Борозан во минатото не знаел да препознае шампионскиот дух, па така ако најпрво одлучи да игра во Металург, клуб кој долги години успеваше да игра во Лигата на шампионите, но не успеа ни приближно да го постигне успехот на Вардар. Од Веспрем не пресметале дека доколку Вуко беше во топ форма ќе беше ангажиран од Барселона, клуб кој има освоено највеќе титули во европскиот ракомет, клуб во кој играат само најдобрите.

Барса го шитна, Веспрем го прибра, ваков мајтап тераат со Вуко по социјалните мрежи.

Приказната меѓу Борозан и Вардар немаше убав крај. Тој не се појави пред заминувањето за Мешков на финалниот турнир од СЕХА лигата и тука почнаа сите проблеми. После враќањето од Белорусија беше избркан од тимот, а потоа дојде и информација дека сметките меѓу Борозан и Вардар се расчистени и дека „љубовта“ е завршена.

Со една реченица, Вуко Борозан е ракометар кој незнае да препознае шампион, па оттука слободно можеме да му посакаме среќа на Веспрем, бидејќи ќе му биде потребна!!!