понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Вујовиќ: Знаев дека ЕХФ ќе направи некојa глупост

Вујовиќ: Знаев дека ЕХФ ќе направи некојa глупост

Европската ракометна федерација денеска донесе скандалозна одлука и ги поништи сите натпревари од нокаут фазата во Лигата на шампиони, а на завршниот турнир во Келн што ќе се игра кон крајот на декември ќе играат најдобрите две екипи од групите А и Б, Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем.

Исто така нема да се играат ниту европските баражи за пласман на Светското првенство во Египет во 2021 година, па на Мундијалот ќе играат репрезентациите до 14-тото место на изминатото Европско првенство.

Македонија загуби многу со оваа одлука, бидејќи Вардар нема да игра во Лигата на шампиони, а репрезентацијата автоматски е елиминирана за пласман на Мундијалот. Дека одлуката на ЕХФ е контроверзна и скандалозна се согласува Веселин Вујовиќ.

Тренерот на Загреб уште претходно изјави дека очекува глупава одлука од ЕХФ и се покажа како добар прогнозер.

„Историјата покажува дека речиси никогаш досега најдобрите четири екипи од групната фаза не стигнале до завршниот турнир или пак до титулата во ЛШ, секогаш имало изненадување на овие натпревари. Некои екипи знаеја да дојдат слабо подготвени или со многу повредени играчи во завршницата и испаѓале, како лани ПСЖ. Фаворитите имаат испаѓано, а поминуваа екипи кои не беа на тие први места“, вели Вујовиќ за „Индекс“.

„За мене ова е апсурдна одлука, особено бидејќи во овој период до почетокот на фајнлфорот (декември) многу играчи ќе ги променат клубовите. Сагосен првото место во групата го освои со ПСЖ, а на турнирот ќе игра за Кил, тоа нема никаква допирна точка со здравиот разум. Ако одлуката е таква, тогаш некга го отворат пазарот, па играчите да можат да циркулираат во текот на цела година. Нека направат нешто за доброто на ракометот, ова сега е пикнато во термин, кој на никому не му одговара. Додуша, реков јас и претходно дека очекувам глупава одлука од ЕХФ. Ова е направено со декрет, без право некој да се пожали или да докажува нешто. Екипите или репрезентациите кои вложуваа или на Европското првенство не направија некои резултати, сега дојдоа до момент кога немаат можност да изборат пласман. Повторувам, од ЕХФ секогаш може да се очекува нешто неочекувано“, додава тренерот на Загреб.

ЕУРО 2020

Македонија