недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 73
home Ракомет

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, најави игра на победа на неговите избраници во реваншот од четвртфиналето на регионалната ракометна СЕХА-лига, со Загреб на гостински терен.

-Сигурно не очекува тежок натпревар. Ако калкулираме, ако ги браниме четирите голови предност од Скопје нема да поминеме. Ние треба да одиме на победа, па и да изгубиме минимално не е страшно. Загреб нема така лесно да се откаже од „Фајнал фор“ во Задар и да нема ниту една хрватска екипа таму. Значи имаат свои мотиви. Јас би сакал Вардар да оди на завршниот турнир, да остане тој кој од основањето на СЕХА-лигата е на Ф4. Секако тоа ќе зависи од многу фактори, судиите, публиката, факторот среќа. Шансите се на наша страна, имаме сериозна предност, па ќе видиме на терен, изјави Вујовиќ.

Реваншот во хрватската престолнина е закажан за утревечер со почеток во 20 часот.

На првиот меч одигран пред четири дена во Скопје, Вардар го победи Загреб со 24:20.  (МИА)

Локални избори 2021