недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 18
home Ракомет

Вујовиќ откри дали ќе биде нов тренер на Вардар

Вујовиќ откри дали ќе биде нов тренер на Вардар

Веселин Вујовиќ имаше средба со македонската ракометна репрезентација при напуштањето на хотелот „Панорама“ во Загреб и селидбата во Вараждин. Словенија заедно со Македонија оди во наредната фаза, а во холот на хотелот, Вујо се сретна со „своите“ вардарци.

Имаше краток дијалог со Филип Лазаров, некогашниот капитен на Вардар под палката на Вујо, како и Стојанче Стоилов, пивотот со кого соработуваа во минатото, а потоа пред новинарите беше повторно запрашан, дали би ѝ се вратил на својата „прва љубов“, по заминувањето на Раул Гонзалез во ПСЖ.

-Вардар веќе има нов тренер, но се уште го немаат официјализирано. А, тоа не е Вујовиќ“, накратко со насмевка на лицето изјави харизматичниот стратег, повеќе прочитајте на Гол.мк.

Коронавирус