сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 38
home Ракомет

Вујовиќ: Обезбедете билет, навивајте, без вас Вардар не е Вардар

Вујовиќ: Обезбедете билет, навивајте, без вас Вардар не е Вардар

Македонскиот машки ракометен шампион Вардар го очекуваат доста предизвици во оваа сезона во која клубот ќе има можност да игра пред своите навивачи, верната публика во СЦ „Јане Сандански“.

Веќе се во пуштени сезонските билети за натпреварите што клубот ќе ги игра на домашен терен во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашното првенство, продажба која ќе трае до 14 септември, па тренерот Веселин Вујовиќ испрати порака, апел до навивачите што побрзо да обезбедат влезници за дуелите на нивниот миленик.

-Еве зад мене гледате празна сала, поминаа скоро две години во кои Вардар игра пред празни трибини. Во тек е продажбата на влезниците за новата сезона. Ве замолувам што побрзо да си обезбедите билет, да дојдете, да навивате и му дадете поддршка на Вардарза тоа што без вас Вардар не е Вардар, -порача Вујо.

По истекот на рокот ако има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата.

Коронавирус