недела, 18. април 2021. Вести денес: 91
home Ракомет

Вујовиќ на тешки маки: Мојата ситуација е како Македонија ако остане без Лазаров, Стоилов и Миркуловски

Вујовиќ на тешки маки: Мојата ситуација е како Македонија ако остане без Лазаров, Стоилов и Миркуловски

По тешката повреда на својот прв кружен напаѓач, Матеј Габер, селекторот на словенечката селекцијата, Веселин Вујовиќ, истакна дека сите замисли и тактики се урнати пред стартот на Европското првенство.

Исто така, популарниот Вујо кој на првиот меч на собирот во Хрватска ќе се судри со нашата селекција, направи интересна споредба во која вели дека е во ситуација како Македонија да не може да смета на Лазаров, Стоилов и Миркуловски.

-Подготовките ни започнаа лошо, а со повредата на Габер се урнаа сите замисли и тактики за ЕП. Исто така, во исчекување сме дали Доленец и Хенигман ќе бидат подготвени за настап. Моментално, Словенија е во ситуација како за Македонија да не играат Стоилов, Лазаров и Миркуловски. Доленец за неколку дена заминува за Барселона на последни прегледи, а Хенигман се чувствува подобро, но Европското првенство е премногу близу. Да не бидам погрешно разбран, јас ќе го дадам мојот максимум со овој ростер со кој располагам, вели Вујовиќ.

Мечот меѓу Словенија и Македонија е закажан за на 13 јануари со почеток од 19.30 часот, а ќе се одигра во Загреб.

Коронавирус