сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Ракомет

Вујовиќ: Има некои играчи кои треба добро да се размислат дали од полусезоната ќе останат во Вардар

Вујовиќ: Има некои играчи кои треба добро да се размислат дали од полусезоната ќе останат во Вардар

По натпреварот во Скопје, тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Веселин Вујовиќ даде свое видување по новиот пораз во ЛШ, сега од Кил.

„Честитки до Кил за заслужената победа. Ние пред натпреварот знаевме дека нема да играат тројца играчи и имавме мислење дека имавме шанси. Многу се мачевме во клучните моменти во нападот. Резултатот кој го имаме беше поради успешната одбрана и расположениот Томовски. Имавме страшни проблеми во нападот при играта „шест за шест“, шутерски бевме рамни на нула и бековите немаа свој ден. Се обидовме со „седум на шест“, игра која создава нервоза и кај нас на клупата и на трибините. Заминавме на три разлика и – застнавме! Не знам што се случи. Паднавме. Примивме 19 гола во вториот дел, тоа е премногу за Вардар и за мојата филозофија. Има некои играчи кои треба добро да се размислат дали од полусезоната ќе останат во Вардар, затоа што очекуваме повеќе од нив, ако Вардар сака да направи нешто повеќе“, изјави Вујовиќ.

Коронавирус