среда, 2. декември 2020. Вести денес: 213
home Ракомет

Вујовиќ и официјално веќе не е селектор на Словенија

Вујовиќ и официјално веќе не е селектор на Словенија

Според најавите, Веселин Вујовиќ нема да ја води повеќе репрезентацијата на Словенија, откако заработи отказ од ракометната федерација на оваа земја.

Црногорецот на оваа позиција седна во 2015 година, но претседателот Фрањо Бобинац соопшти дека е време за ново име на клупата.

„По четири години, ракометната репрезентација на Словенија ќе добие нов селектор. И покрај добрите резултати, сметаме дека е време за нова енергија. Затоа донесовме одлука да ја прекинеме соработката со Веселин Вујовиќ. Наскоро ќе назначиме ново име“- изјави Бобинац.

Словенија под палката на Вујовиќ,  ги оствари најголемите успеси, а тоа е бронзата на СП 2017, шестото место на ЛОИ 2016, како и осмото место на ЕП 2018.

извор: dribling.mk

Коронавирус