Ракомет сп ракомет

Вујовиќ: Хрватите мора да се помират, ова е нивната нова реалност!

Хрватска го претрпе првиот пораз на Светското првенство на кое е една од земјите-домаќини. Во последното коло од првата фаза „коцкестите“ беа надиграни од Египет и во главната рунда влегуваат со само два бода.

Тешкиот пораз Египет за „tportal“ го коментираше легендарниот Веселин Вујовиќ.

„Многу е тешко да се коментира нешто за да се остане точен, без во основа да се каже она што е видливо за сите. Хрватската јавност мора да се помири со фактот дека овој тим не е за најголеми достигнувања. За жал, така беше и е во последните неколку години. Не знам, но Сигурдсон не победи ниту еден важен натпревар, освен квалификациите во Германија.

Јасно е дека е многу тешко да се остане без Дувњак и Циндриќ, со Карачиќ во средината кој е тотално надвор од форма и ритам, па сè паѓа на грбот на малиот Павловиќ кој до вчера играше во Љубушки. Да се очекува дека сега ќе може да ја одведе Хрватска до голем резултат едноставно не е реално“, изјави Вујовиќ.

Поради повреди Хрватска остана без двајцата капитени и средби бекови Циндриќ и Дувњак, за кои СП најверојатно е завршено.

To top