недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 73
home Ракомет

Вујо се враќа во Вардар?!

Вујо се враќа во Вардар?!

Веселин Вујовиќ, миленикот на вардаровите навивачи, си поднелсе оставка од српски Железничар и во иднина ќе бара нов предизвик. Заминувањето од клупата на тимот од Ниш доаѓа по поразот од Војводина, кој дополнително создал револт, особено по лошите резултати во српската Суперлига.

Сега, се отвора прашањето, дали тој ќе се врати во омилената средина, тимот на Вардар, кој ќе добие нов финансиер по завршувањето на актуелната сезона. Сергеј Самсоненко соопшти дека си заминува и дека нема повеќе да го финансира клубот, па се очекува да дојде новата раководна структура, нов стручен штаб, нови ракометари…

Силни се шпекулациите дека Михајло Михајловски, некогашниот сопственик на „црвено-црните“, нема да го остави клубот на цедило. Вујо додека работеше во Вардар беше токму рамо до рамо со овој човек, затоа што и двајцата имаа одлична соработка.

Останува да видиме која ќе биде одлуката на Вујо, за која, навивачите со „црвено-црно“ срце потајно се надеваат дека ќе направи кам-бек во Вардар.

Извор: gol.mk

Коронавирус