недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 83
home Ракомет

Вујо: Ми недостасуваше Битола и нејзините навивачи!

Вујо: Ми недостасуваше Битола и нејзините навивачи!

Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник загуби на свој терен од ППД Загреб со 27:28, за уште еден пораз на битолчани со еден гол разлика оваа сезона.

Ова е петтиот пораз за Еурофарм во осмиот натпревар од СЕХА лигата. На „фармацевтите“ им остануваат уште два меча до крајот, и двата на гостински терен, најпрво кај Веспрем, а потоа кај Спартак Москва.

Тренерот на Еурофарм Работник, Божидар Мојсов:

-Очекував ваков меч. Загреб има млад тим со одличен тренер. Игравме лошо во првото полувреме, иако видливо бевме подобри во вториот дел, мислам дека стартните 30. минути беа клучни за крајниот епилог. Мораме да учиме од поразите.

Тренерот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ:

-Имавме одлично прво полувреме, но Еурофарм успеа правовремено да се врати, поддржан од своите навивачи. Еурофарм Работник скоро успеа да освои бод на овој натпревар. Среќен што повторно сум во Битола и морам да кажам дека ми недостасуваше Битола и нејзините фанови.