среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 85
home Ракомет

Второстепената комисија донесе одлука за жалбата на Словенија

Второстепената комисија донесе одлука за жалбата на Словенија

Комисијата на ЕХФ ЕВРО 2018 денеска ја отфрли жалбата на Словенечката ракометна федерација против претходната одлука на првиот орган, Дисциплинската комисија.

Второстепеното тело за донесување одлуки ја потврди одлуката на Комисијата и резултатот 25:25 на натпреварот помеѓу Словенија и Германија во групата Ц од прелиминарната фаза.

Беше потврдено дека одлуката на судиите била заснована на правила и дека судиите може да користат видео технологија.

Според тоа одлуката на судиите е конечна и жалбата на Словениците е одбиена.