четврток, 23. март 2023. Вести денес: 177
home Ракомет

Втора победа за Македонија во контролните средби со Италија

Втора победа за Македонија во контролните средби со Италија

Женската ракометна репрезентацијата на Македонија оствари втора победа во контролните средби со Италија, откако денеска триумфира со 29:21 (17:12) во рамки на ЕХФ-неделата.

По вчерашната победа во Скопје со 26:23, ракометарките на Симе Симовски денеска покажаа уште подобра игра и рутински дојдоа до победата.

Најефикасна во нашиот состав беше Сара Ристовска со седум гола.

Сениорките на програма имаат уште еден пријателски меч, и тоа против младинската селекција на Македонија, кој е закажан утре од 16:00 часот.

Потсетуваме, „црвено-жолтите“ во претквалификациите за СП 2019, што ќе се одржи во јапонскиот град Кумамото од 29 ноември до 15 декември, е во група со Исланд, Турција и Азербејџан. (МИА)

loading...