вторник, 3. август 2021. Вести денес: 97
home Ракомет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Вардар го изгуби Дисингер, ракометарите во шок

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Вардар го изгуби Дисингер, ракометарите во шок

Германскиот интернационалец Кристиан Дисингер доживеа тешка повреда во финалето од СЕХА лигата каде нашиот шампион во моментов игра против хрватски Загреб.

Во последната минута од првиот дел, Дисингер имаше катастрофален пад кој резултираше со хорор повреда, односно скршеница на лактот на левата рака.

По падот на Дисингер, не само ракометарите на Вардар, туку и оние на Загреб останаа во шок и не можеа да гледаат што се случува со несреќниот Германец.

Оваа повреда дефинитивно значи крај на сезоната за левиот бек на Вардар, односно нашиот шампион нема да може да смета на него во понатамошната борба во Лигата на шампионите.

Кога резултатот е во прашање, по 30 минути игра, Вардар води со 14:12.

Коронавирус