вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 59
home Ракомет

ВО ЖИВО: Ракометарите го добиваат противникот за баражот за СП

ВО ЖИВО: Ракометарите го добиваат противникот за баражот за СП

Во тек е извлекувањето за баражот за ракометното Светско првенество (СП) 2019 во машка конкуренција. Македонија го очекува својот противник во двомечот што ќе се игра во јуни. Извлекувањето во живо:

Македонските ракометари се во улога на фаворити и ќе бидат во барабанот каде што ќе бидат селекциите што се носители на ждрепката. Покрај нашата селекција тука ќе бидат и Шведска или Шпанија, бидејќи една ќе биде директен учесник, потоа Хрватска, Чешка, Словенија, Белорусија, Норвешка, Србија и Исланд. Тоа се ривалите кои не може да ни бидат противници.

Потенцијални ривали ни се Црна Гора, Австрија, Литванија, Унгарија, Португалија, Холандија, Романија, Русија, Швајцарија и Босна и Херцеговина.

Директен пласман на завршницата на Мундијалот кој следната година ќе се игра од 9 до 27 јануари, имаат обезбедено домаќините Данска и Германија, како и актуелниот светски првак Франција.

Место на завршницата ќе има и тимот кој ќе го освои европското злато во Хрватска.