недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Ракомет

Во Битола падна Татабања – заслужена победа на Еурофарм Пелистер

Во Битола падна Татабања – заслужена победа на Еурофарм Пелистер

Битолскиот ракометен тим на Еурофарм Пелистер ја оствари втората победа во Европската ракометна лига, откако денеска ја совладаа екипата на Татабања со 21:19.

Избраниците на Жељко Бабиќ одиграа добар натпревар во поголемиот дел меч нокој  имаа и свои падови, но не се одразија на конечниот резултат.

Мандалиниќ и Кушан беа најефикасни во таборот на Еурофарм Пелистер со по пет постигнати погодоци, а ги следеше Мараш со четири голови.

Во таборот на Татабања најефикасен беше Ѓори со 6 погодоци.

Истите две екипи и утре имаат средба во Битола, но сега Татабања условно ќе биде домаќин, а натпреварот се игра со почеток од 17 часот.

ЕУРО 2020

Македонија