понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 52
home Ракомет

Во битка за 15-то место против Чиле: Раул се одлучи на две промени во составот

Во битка за 15-то место против Чиле: Раул се одлучи на две промени во составот

Денеска од 13 часот е последниот меч на нашата ракометна репрезентација на Светското првенство.

Наш противник за 15-тата позиција на овој Мундијал ќе биде селекцијата на Чиле, која исто така беше поразена како и ние во битката за подоброто 13-то место за кое можевме да се бориме доколку ја победевме вчера Русија.

Селекторот Раул Гонзалес се реши за две измени во нашиот состав.

Борко Ристовски ќе биде преселен на трибини, па на негово место шанса за настап ќе добие Златко Даскалоски,.

Шанса за настап денеска ќе добие и Милан Лазаревски.