среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 79
home Ракомет

Влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Романија се пуштени во продажба, чинат 100 и 200 денари

Влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Романија се пуштени во продажба, чинат 100 и 200 денари

Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за претстојниот натпревар против Романија во баражот за Светското првенство.

Македонската ракометна репрезентација на десетти јуни од 20:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочи со Романците, а поради значајноста на натпреварот се очекува ракометарите да добијат што поголема поддршка од трибините.

Влезниците имаат цени од  100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Македонија првиот од двата бараж натпревари ќе го игра во Скопје, а ревашнот ќе се одигра во Клуж на 13 јуни.

Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на Светското првенство што ќе се одржи во Данска и Германија во јануари 2019 година.