четврток, 5. август 2021. Вести денес: 143
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Ракомет

Виси учеството на Вардар во ЛШ, еве ги причините

Виси учеството на Вардар во ЛШ, еве ги причините

Македонскиот ракометен шампион Вардар се најде меѓу учесниците во новата сезона на Лигата на шампионите, но неговиот настап во ракометната елита на стариот континент е доведен под знак прашалник.

Имено, денес, Европската куќа на ракометот информираше дека Вардар во минатата сезона не ги исполни потребните услови, па затоа сега од македонскиот тим бара депозит од еден милион евра, кој треба да биде доставен во две рати.

Овој депозит ЕХФ ќе го искористи за покривање на долговите кои Вардар ги има од поодамна, односно уште од времето кога на чело на клубот беше рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Македонскиот шампион има два рока за исплаќање на депозитот: половина милион до 13 јули и втората половина до 27 јули.

Ако Вардар 1961 не го депонира потребниот депозит, неговото место ќе го заземе Горење Велење од Словенија, а Македонија ќе остане без претставник во Лигата на шампионите. Македонскиот клуб нема право на втора опција, бидејќи ако остане без настап во елитата и не депонира еден милион евра, нема да може да игра ниту во Европската лига на ЕХФ.

Истата пракса им се заканува и на останатите македонски клубови со регистрирани долгови кон поранешни ракометари и субјекти и во другите натпреварувања на ЕХФ.

Коронавирус