четврток, 13. август 2020. Вести денес: 143
home Ракомет

ВИДЕО: Желбата на битолчани исполнета – Еурофарм Пелистер ќе биде и „зелено-бел“!

ВИДЕО: Желбата на битолчани исполнета – Еурофарм Пелистер ќе биде и „зелено-бел“!

Екипата на Еурофарм Пелистер денес ќе го има првиот собир по долгата пауза поради пандмеијата со коронавирус.

Тренерот Жељко Бабиќ ќе ги построи своите пулени и ќе им ја претстави програмата за подготовките, а од битолскиот клуб утрово го објавија новиот комплет на дресови со кои ќе се натпреварува во новата сезона.

Она што ги радува битолчани е што од трите комплети еден е зелено-бел, па така големата желба на фановите конечно е остварена.

Исто така, од Еурофарм Пелистер најавуваат дека наскоро ќе биде отворен и фан-шоп од каде фановите ќе може да си купат дресови, опрема или останати реквизити од својот омилен клуб.

Коронавирус