вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 162
home Ракомет

ВИДЕО: Вардарци лути на судиите – Мешков цела вечност држеше топка во последниот напад!

ВИДЕО: Вардарци лути на судиите – Мешков цела вечност држеше топка во последниот напад!

Македонскиот ракометен шампион Вардар со пораз го отвори новиот шампионат во ракометната елита во Европа. На гостувањето во Брест, „црвено-црните“ одиграа квалитетно и со срце, но недоволно за победа над белорускиот шампион Мешков (24-22).

Кога беше најпотребно, момците на Алушовски како да загубија здив, но се чини дека и судиите им свртија грб. Откако при 23-22 за Мешков, не беше досуден фаул врз Стоилов, домашните ракометари како цела вечноста да ја држеа топка во своите раце, а судиите и покрај протестите на вардарци останаа неми и не досудија пасивен напад.

Последниот напад на Мешков против Вардар:

Токму стрелецот на последниот гол за Мешков, Паниќ беше најпрецизен во редовите на домашниот тим (шест гола), а исто толку постигна и искусниот Вујин од Вардар.

Коронавирус