Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше три одлични интервенции на дуелот со Швајцарија, а една од нив се најде меѓу надобрите во колото од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП).
Онаа која се најде во фокусот на ЕХФ е кога Томовски реагираше како мачка и му фати зицер на пивотот на Швајцарија.
Најдобрите одбрани во квалификациите за ЕП:
Што се однесува до головите, таму немаше наш претставник, а еден гол од дуелот меѓу Швајцарија и Македонија доби место. Тоа е оној стартниот, на најдобриот играч на противникот Енди Шмид.
Најдобрите пет гола во квалификациите за ЕП:
Македонија ги стартува квалификациите за ЕП 2022 според планот, со две победи над Финска и Швајцаирја и веќе гледа кон континенталниот собир.