вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Спектакуларна одбрана со која беше срушен шампионот на Германија

ВИДЕО: Спектакуларна одбрана со која беше срушен шампионот на Германија

Дербито на 7. коло во Бундес лигата го оправда епитетот. Во цврст и неизвесен натпревар единствената непоразена екипа Хановер го задржа стопроцентниот учинок и по дуелот со шампионот Фленсбург, кого го совлада 23:22.

Во поголемиот дел гостите имаа водство на натпреварот, но во завршницата дозволија Хановер да го сврти резултатот. Фленсбург го имаше последниот напад во кој имаа удар од девет метри. Изведувач беше Јепсон кој успеа да го префрли живиот ѕид и да го погоди голот. На голот подготвен беше Лесјак кој со фантастична одбрана не дозволи шампионот да се извлече со бод од ова гостувње. Видеото од последниот удар погледнете го во продолжение.