вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Ракомет

ВИДЕО: Шишкарев ја „потопи“ Словачка, 13 гола за вардаровото крило

ВИДЕО: Шишкарев ја „потопи“ Словачка, 13 гола за вардаровото крило

Руската ракометна репрезентација се намачи на гостувањето кај Словачка во натпревар од квалификациите за ЕП на кој беше фаворит, а најдобар поединец беше вардаровецот Данил Шишкарев.

Русија победи со 22:21, а крилото на македонскиот првак постигна дури 13 голови за својата репрезентација, со што беше и најзаслужен за многу важната победа. Дибиров го завршил натпреварот со 3 голови, но херој на гостите беше и Дмитри Житников кој го постигна голот за победа во последните секунди, поставувајќи ги конечните 21:22.