сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 72
home Ракомет

ВИДЕО: Шилегов ја изведе атрактивната „вртенка“ и во Европската лига

ВИДЕО: Шилегов ја изведе атрактивната „вртенка“ и во Европската лига

Мице Шилегов не доби голема минутажа на дуелот меѓу Металург и Фајверс, ама шансата која ја доби, ја искористи со еден атрактивен погодок во мрежата на австрискиот тим (33-33).

Крилото заигра во второто полувреме, а единствениот погодок го постигна на петнаесетина минути пред крајот на средбата. Шилегов доби топка од Златко Хорват и ја изведе атрактивната „вртенка“ и пред очите на Европа.

Погодокот на Мице Шилегов против Фајверс:

Металург со ремито на домашен терен против Фајверс го освои првиот бод во Европа, а следните меѓународни предизвици се во месец февруари кога ќе продолжи натпреварувањето.

Коронавирус