недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Ракомет

ВИДЕО: „Ремек делото“ на Томовски и Токиќ

ВИДЕО: „Ремек делото“ на Томовски и Токиќ

Тимот на Металург запиша уште еден неуспех во СЕХА лигата, откако рутински загуби од хрватскиот шампион ППД Загреб на Лино Червар.

Младите момци на Данило Брестовац одиграа одлично прво полувреме, на одмор заминаа со негатива од само еден гол, но во продолжението целосно потфрлија и му дозволија на домаќинот разултатски да се одлепи и да извојува лесна победа. Во тие моментите на криза, нашиот тим имаше еден светол момент, а тоа е атракцијата на Томовски и Токиќ.

Младиот голман преку цел терен му асистираше на крилото Токиќ за „цепелин“ и неверојатен погодок, кој е прогласен за потег на мечот во Хрватска.