Екипите на Киелце и Кил го одиграа највозбудливиот натпревар и го одбележаа првото коло на новата сезона на Лигата на шампионите.
Полскиот гигант одлично се држеше во германскиот пекол, а во клучните моменти покажа карактер и квалитет и постигна неверојатен погодок за големи реми (30-30). Трилер-завршницата ја започна Волф со фантастична интервенција при зицерот на Зарабец, а потоа со звукот на сирената погоди Душебаев од тешка позиција за шок на германската публика.
Како Киелце и Душебаев со звукот на сирената ги шокираа „зебрите“:
Here’s how @kielcehandball secured a last-second draw in the first #motw of the #veluxehfcl season ?? #ehfcl @thw_handball pic.twitter.com/CFtw0x0Vra
— EHF Champions League (@ehfcl) September 15, 2019