петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Ракомет

ВИДЕО: Најниските вардарци им продадоа цепелин на португалските „џинови“

ВИДЕО: Најниските вардарци им продадоа цепелин на португалските „џинови“

Македонскиот ракометен првак Вардар во дуелот против Порто во Скопје, во рамки на 2. коло од Лигата на шампионите, изведе атрактивен цепелин кој доби овации од публиката и го збуни португалскиот гостин.

Во вториот дел Вардар игра како во транс, а јаготка на шлагот беше цепелинот за предност од 25-20 во СЦ „Јане Сандански“. По една акција, Кристопанс додаде до Чупиќ, а тој веднаш го проигра Скубе кој во лет реализира.

  • Цепелинот на мечот меѓу Вардар и Порто:

 

Вардар ја стартува сезоната во Лигата на шампионите со триумф над Монпелје, а во Скопје игра како фаворит против Порто и е на праг да ги прокнижи новите бодови во ракометната елита.

Извор: gol.mk