недела, 31. мај 2020. Вести денес: 25
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

ВИДЕО: На денешен ден пред 18 години Кометал Ѓ.П. ја освои Лигата на шампионите

ВИДЕО: На денешен ден пред 18 години Кометал Ѓ.П. ја освои Лигата на шампионите

На денешен ден, пред 18 години, Кометал Ѓ.П. стана првак во Лигата на шампионите, ја донесе првата и единствена досега европска титула во нашата земја.

На 19 мај, 2002 година, тимот од Ѓорче Петров, во натпревар за титула го совлада Херц 26-22 тимот беше предводен од Кастратовиќ, Малахова, Бујанова, Платон, Велкова, Нацева, Дину, Будимир….

Кометал Ѓ.П. во преполнетата сала на СРЦ „КАЛЕ“ одигра маестрално и дојде до европскиот врв, ја анулира негативата од два гола во Унгарија (27-25) и дојдоа до успех кој сите се уште го паметиме, успех кој донесе огромна радост во Македонија, славје на улициите и плоштадот во Скопје.

За жал Кометал во 2010 година официјално згасна но резултати и спомените кои ги остави засекогаш ќе останат во нашите срца и ќе бидат врежани во македонската спортска историја.

Коронавирус