понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 73
home Ракомет

ВИДЕО: Митревски е во Дебрецин, соиграчите го пречекаа со овации

ВИДЕО: Митревски е во Дебрецин, соиграчите го пречекаа со овации

Искусниот голман Никола Митревски ќе го видеме меѓу стативите на утрешниот клучен натпревар на Македонија против Црна Гора.

Во рамки од второто коло од Европското првенство во Унгарија и Словачка, нашата селекција нема право на нов пораз во групата А, а во пресрет на овој дуел, селекторот Кирил Лазаров доби одлична вест, поврзана за најдобриот македонски голман.

Поради позитивен резултат на последното тестирање пред заминувањето за Дебрецин, Митревски беше приморан да остане во изолација во Скопје, но битката со ковид-19 експресно ја совлада и откако доби два негативни теста веднаш отпатува за Унгарија и вечерва им се приклучи на соиграчите коишто го пречекаа со овации.

Коронавирус