вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 9
home Ракомет

ВИДЕО: „Летечката Македонија“ ја почести и Грција со – двоен цепелин!

ВИДЕО: „Летечката Македонија“ ја почести и Грција со – двоен цепелин!

Ракометната репрезентација на Македонија забележа сигурна победа над Грција (-.-) и обезбеди пласман на ЕП 2020, а најдобриот погодок на натпреварот беше во изведба на Гоце Георгиевски и Кире Лазаров, објавува Гол.мк

Двајцата ракометари изведоа атракција и во Струмица, „полетаа“ и постигнаа погодок преку двоен „цепелин“. Струмичката публика остана одушевена од атракцијата на нашите ракометари, па ги поздрави со аплаузи и скандирања.

Двојниот цепелин на Македонија против Грција:

Македонија го продолжи континуитетот на големите натпреварувања и ќе игра на шестото Европско првенство во историјата, или петто во низа.