понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 1
home Ракомет

ВИДЕО: Лазаров и Кузмановски смислија трик и со цепелин ги изиграа Швеѓаните!

ВИДЕО: Лазаров и Кузмановски смислија трик и со цепелин ги изиграа Швеѓаните!

Последниот македонски гол во првиот дел од натпреварот против Шведска во Каиро е вистинско ремек-дело. Лазаров со врзани очи ги познава своите соиграчи и противничката одбрана, која делува многу моќно, па мораше да ја надмудри со летечки погодок.

Во 29. минута, при 16-10, капитенот фрли цепелин за Филип Кузмановски, а овој ја закова топката во шведскиот гол. Креативна акција која можеби ќе биде најава за подобри второ полувреме.

Цепелинот на Лазаров и Кузмановски:

Македонија доцни пет гола зад Шведска по првиот дел од вториот натпревар пд групата Г на Светското првенство (16-11).

извор: gol.mk

Коронавирус